Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Сицилија се бори со невидена суша: Сточарите принудени да ги убиваат животните

02.08.2024 21:30
Сподели

Рим, 2 август 2024 (МИА) – Сицилија се соочува со невидена суша која трае веќе месеци. Италијанската Влада издвоји 20 милиони евра за помош на погодената област. Земјоделството, особено сточарството, е најпогодено.

Многу сточари се принудени да ги убиваат животните поради недостиг на храна и вода. Речиси два милиони жители се подложени на рационализација на питка вода, а шест од 29 вештачки езера се целосно исушени.

Поради ова, во многу општини граѓаните добиваат вода секој втор ден или се снабдуваат од цистерни. Последиците од тоа се големи штети за земјоделството, а во некои области сточарите се принудени да убиваат добиток за кој немаат ниту вода ниту храна.  Енио Бонфанати од Калтанисета истакнува дека ситуацијата оваа година е катастрофална и дека навистина мора да користи таков термин.

Ad image

„Овде обично одгледуваме модар патлиџан, домати и пиперки, но оваа година – како што гледате – нема ништо затоа што немаме вода. Она малку вода што ја имаме ја штедиме за растенијата што најмногу страдаат, ја загубивме целата пченица“, се жали друг земјоделец.

Банер Банер BrandEcho

Во февруари, гувернерот на Сицилија, Ренато Счифани, прогласи елементарна непогода, а италијанската влада во мај прогласи вонредна состојба бидејќи станува збор за една од најголемите суши што го погодија овој остров во последните педесет години. Деновиве Министерството за земјоделство на Италија прогласи состојба на екстремни временски услови на цела Сицилија, а регионот бара и посебен декрет што би се однесувал на континуирано намалување на водните ресурси во вештачките езера, што доведува до недостиг на вода за наводнување.

Се проценува дека годинава во однос на лани земјоделското и сточарското производство ќе се преполови.

Во наредните денови временската прогноза предвидува екстремно високи температури без врнежи, а во регионот Калабрија е прогласена вонредна состојба поради суша, а тоа ќе го направи и Сардинија.

Националната лига на задруги на јужните региони, попозната како „Легакоп“, која е најстарата и главна асоцијација за заштита и застапување на италијанските задруги, зборува за драматичната состојба во овие области, кои досега изгубија четири милијарди евра. како и 33.000 вработувања само во првиот квартал од оваа година предизвикана од сушата која се уште трае.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Земјотрес од 6,8 по Рихтер го погоди северниот и североисточниот дел од Јапонија

Украинските сили 14.043 пати го прекршија примирјето од 8 до 11 мај, а руските сили го почитуваа, соопшти руското МО

Лула: Карибите не смеат да станат воено жариште

Бајден: Ќе водам кампања за Камала Харис во Пенсилванија

Црна Гора на патот кон нови нафтени откритија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Катар делумно го отвора воздушниот простор додека Иранските напади продолжуваат да го погодуваат Заливот

Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња

Свет

Протести во САД: Граѓаните бараат крај на воените напади врз Иран

Свет

Масовна демонстрација во Рабат во солидарност со Палестина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?