Следните два дена променливо облачно време, викендот сончево со пораст на температурата

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) – Во следните два дена ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Од Даниела Маркоска-Алексовска/МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава