Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Советот на ЕУ одобри дополнителни 4,2 милијарди евра помош за Украина

09.12.2024 15:05
Сподели

Брисел, 9 декември 2024 (МИА) – Советот на ЕУ денеска одобри исплата на втората транша финансиска помош во рамките на Украинскиот механизам, во износ од над 4,2 милијарди евра во форма на грантови и заеми, наменети за поддршка на макрофинансиската стабилност на Украина и за функционирањето на нејзината јавна администрација.

Со денеска усвоена одлуката, Советот заклучи дека Украина ги исполнила неопходните услови и реформи предвидени во Планот за Украина за да може да добие нова транша средства од Украинскиот механизам. Советот, исто така, ја нагласи важноста од што побрза исплата на овие средства, со оглед на тешката фискална ситуација во Украина.

Планот за Украина вклучува мерки насочени кон закрепнување, реконструкција и модернизација на земјата, како и реформи што таа планира да ги преземе во следните четири години како дел од процесот на пристапување кон ЕУ.

Банер Банер BrandEcho

Со Планот за Украина, одобрен од страна на Советот на ЕУ во мај годинава, се предвидува Унијата преку Украинскиот механизам да и додели на Украина финансиска поддршка во износ до 50 милијарди за периодот од 2024 до 2027 година. Од оваа сума, 32 милијарди евра се предвидени за поддршка на реформите и инвестиции, чија исплата ќе зависи од исполнување на предуслови поврзани со функционирањето на демократските институции, владеењето на правото и реформските процеси, пред се во борбата против корупцијата и перењето пари, измените на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, подобрување на деловното опкружување, во енергетиката и зелената транзиција и во заштитата на животната средина.

Досега во рамките на овој Механизам, ЕУ на Украина и исплати околу шест милијарди евра, од кои 1,89 милијарди евра како предфинансирање и транша од речиси 4,2 милијарди евра – 1,5 милијарди евра грантови и над 2,6 милијарди евра заеми.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Киев под притисок на Брисел: Дали блокадата на Дружба е политичка игра против Орбан?

Во Хрватска нов бојкот на продавниците

Мета ги отстранува ограничувањата на профилите на Трамп на Фејсбук и Инстаграм

Санчез: Шпанија ќе издвојува два проценти од БДП за армијата

Крај на НАТО? Датумот на анексија на Гренланд ќе ја одреди иднината на алијансата

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Како САД планираат да се справат со иранските морски мини?

Свет

Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени

Свет

Бразил започнува изградба на 117 училишта за автохтони народи

Свет

Трамп: Пријател или закана за Германија?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?