Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Агол

Стапица под маската на европско решение

Сподели

Пишува Елка ЈАЧЕВА УЛЧАР

Иницијативата што денеска на прес-конференција ја изнесе Антонио Милошоски за усвојување заедничка резолуција во Европскиот парламент со цел потврдување на македонскиот идентитет и јазик – според мене, само на прв поглед изгледа како прагматичен и умерен обид за надминување на блокадата со Бугарија. Ако се задлабочиме, ќе мора да се признае дека оваа стратегија носи значителни ризици и може да создаде уште подлабока и потрајна политичка стапица од онаа што веќе ни е поставена и со Договорот за добрососедство и со Францускиот предлог.

Колку што мене ми е познато резолуциите на Европскиот парламент имаат симболичка и препорачувачка природа, но не и обврзувачки карактер. Тие не создаваат правна сила, ниту гарантираат доследна примена од страна на земјите членки. Оттаму, дури и во идеален случај на заедничко поднесување на резолуција со бугарски пратеници (за кои искрено се сомневам дека би се согласиле на вакво нешто), не постои никаква сигурност дека таа ќе има суштинско дејство врз политичките или врз историските позиции на Софија – позициите што систематски го негираат постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни категории.

- Advertisement -

Второ, со самото инсистирање на европска потврда за нешто што по својата природа е неприкосновен и историографски заснован факт – македонскиот јазик и идентитет – ризикуваме да го сведеме на предмет на политичко договарање. Тоа не само што ми се чини е концептуално погрешно, туку отвора врата за натамошни условувања, повторни ревизии и несоодветни компромиси. Всушност, со ваквиот пристап, повторно го ставаме македонскиот народ и јазик “во волча уста“ – како заложници на туѓа добра волја и како предмет на преговарачка “размена“, што историски ни носело само штета, а им одело во прилог на негирачките агенди на соседите.

Токму македонскиот јазик, како изворен словенски јазик со повеќе од илјада години пишувана и усна традиција, со свои први писмени споменици од IX век, со стабилен дијалектен континуитет и жива народна литература од средниот век до денес, не смее да се третира како “новоотворено прашање“. Таквото третирање не само што оди на рака на тезата дека македонскиот е “вештачка“ или “бугарска норма“, туку ги делегитимира и напорите на генерации македонски интелектуалци, револуционери и културни дејци кои се бореле за своја јазична и национална посебност.

Покрај тоа, историските факти, од глаголицата и делото на свети Климент и свети Наум, преку охридските средновековни ракописи, до 19-вековните преродбенички ракописи и писма на македонски јазик, сведочат за континуитет што не може да се негира без идеолошка пристрасност. Од таа перспектива, барањето “надворешна потврда“ претставува враќање чекор назад и прифаќање на рамка во која македонскиот народ мора постојано да се докажува – и тоа пред оние што мошне отворено и брутално го негираат.

На крајот, ваквите симболични резолуции, ако се прифатат како дел од компромисна рамка, а не како израз на принципиелна европска поддршка, ќе создадат лажна слика за “решеност“ на спорот – додека на терен ќе продолжат рецидивите на негирање, асимилациски тенденции и условувања. Таквиот исход би бил само нова форма на старото подредување: легитимирано со европски потпис, но на наша сметка.

Македонскиот јазик и идентитет не смеат да бидат предмет на потврдување – тие се реалност. Наместо да се прибегнува кон симболични и потенцијално ризични дипломатски формулации, потребно е државата да инвестира во конзистентна, професионална и културно уверлива политика на самопотврдување, заснована врз наука, образование и меѓународно достоинство.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Потресно писмо од татко кој не сака повеќе сопствените деца да ги става во рацете на странци

Украдов кола за да го спасам детето

Министерството за правда со порака да не се разочарувате ако не очекувате правда

Им требало пари за да праат деца…

За цените во Охрид

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Парите навистина биле отепувачка….

Агол

Стевчо го фати Сотир во расчекор (ВИДЕО)

Агол

Јакимовски против лагите на Лукровски (ВИДЕО)

Агол

Новата бугарска антифашистичка историја во еден Фејсбук коментар (ФОТО)

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?