Стокомак отвора дисконти во 5 градови во Србија

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk

Како дел од својата стратегија за раст и развој како и географска диверзификација на бизнисот, ланецот на дисконти Стокомак од следната недела започнува со работа и во Србија. Стокомак ДОО како што гласи називот на правниот субјект во Србија, е регистриран на 16 мај 2023 година, а седиштето се наоѓа на ул. „Крал Стеефан Првовенчани“ број 16 во Ниш.

Првиот маркет Стокомак ќе го отвори во среда во Пирот, а во наредните два-три месеци ќе ги отвори своите дисконти и во Лесковац, Ниш, Парачин и Панчево.

Ланецот на дисконти Стокомак е основан 1997 година и во моментов во Македонија располага со над 70 дисконти.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава