Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Големина на фонтAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Големина на фонтAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Следете не'
Свет

Столтенберг со критики за изјавата на папата: Не е време Украина да се предаде

12.03.2024 07:36
Сподели

Брисел, 11 март 2024 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека не се согласува со изјавите на папата Франциск дека на Украина и треба „храброста на белото знаме“ и дека треба да преговара за крај на војната предизвикана од руската инвазија.

– Ако сакаме договорено, долгорочно мировно решение, начинот да го постигнеме е со воена поддршка за Украина, рече Столтенберг, коментирајќи ги изјавите на папата.

Папата ова го кажа во интервју, чиј дел беше објавен викендов. Тој рече дека кога на страните во конфликтот не им оди добро, „треба да се има храброст да преговара“.

Банер

Во интервју за Ројтерс во седиштето на НАТО во Брисел, Столтенберг додаде дека „она што се случува на преговарачката маса е нераскинливо поврзано со силата на бојното поле“, пренесува Хина.

Прашан дали неговата реакција значи дека сега не е време да се зборува за бело знаме, Столтенберг рече: „Не е време да се зборува за предавање на Украинците. Тоа ќе биде трагедија за Украинците. Исто така, ќе биде опасно за сите нас“.

Шефот на НАТО потенцираше дека за Украина, предавањето не е мир.

Тој, исто така, истакна дека земјата никогаш не била поблиску до членство во Алијансата.  – Таа ќе биде сојузник. Значи, не е прашање дали тоа ќе се случи, туку кога, истакна Столтенберг.

Инаку, во меѓувреме Ватикан ја појасни изјавата на папата. – Папата Франциск не ја повикува Украина да се предаде, туку повикува на прекин на огнот и храброст во преговорите, појасни директорот на канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни. „Папата го користи терминот бело знаме и одговара на впечатокот предложен од новинарот, за да укаже на прекин на непријателствата и примирје постигнато преку храброста во преговорите“, рече Бруни за интервјуто на папата Франциск за швајцарската телевизија РТС, кое ќе биде емитувано месецов, а дел беше објавен завчера.

Од: Сања Костовска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Италијанската полиција ослободи 33 индиски земјоделски работници од ропство
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин – Трамп
Киев реагира на молкот за војната во декларацијата на ШОС
Иранските Револуционерни Гарди продолжуваат со нападите на Израел и САД
Макрон свикува кризен состанок со погодените бизниси од тарифите на Трамп
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

САД му испорача 11 ракетни лансери ХИМАРС на Тајван

Свет

Шангајската организација за соработка се противи на новите санкции за Иран

Захарова: Ако ЕУ воведе ограничувања за руските дипломати, Москва пропорционално ќе одговори

Свет

Канада под притисок: Како ќе реагираат на заканите од САД?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?