Страшно злосторство во Калесија: Маж ја уби сопругата и синот, полицијата трага по него

Во текот на изминатата ноќ во Калесија се случи двојно убиство, а сторителот е во бегство.

Како што потврди портпаролот на Кантоналното обвинителство во Тузла, Адмир Арнаутовиќ, пронајдени се безживотните тела на жена и нејзиниот 13-годишен син.

Според достапните информации, мажот ја убил својата сопруга и синот, а полицијата интензивно трага по него. Телата биле пронајдени во станбено-деловен објект, а неофицијално се дознава дека иако биле формално разведени, тие сè уште живееле заедно.

„Повеќе детали ќе бидат објавени подоцна“, изјави Арнаутовиќ, додавајќи дека засега не е познат начинот на кој било извршено убиството.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава