Таравари алармира – само 5 % Албанци вработени во институциите

Лидерот на едниот дел од Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, синоќа во разговор за косовската ТВ „Канал 10“ предупреди на загрижувачка нерамнотежа во јавниот сектор:

„Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата е околу 95 % Македонци и само 5 % Албанци“ – истакна Таравари.

Тој го оцени ова како скандалозна ситуација и побара одговорност:

„Ако останевме во ВЛЕН и во Владата, како ќе им ја образложиме оваа нерамнотежа на граѓаните пред локалните избори на 12 или 19 октомври?“ – рече Таравари.

Тој нагласи дека основната грешка во соработката со ВМРО-ДПМНЕ била пречигнатото влезење во владината коалиција, нагласувајќи дека порано требало да се има конкретни гаранции за европскиот пат и застапеноста на Албанците во институциите.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава