Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Трамп повторно со критика до Зеленски затоа што не постигна договор за завршување на војната во Украина

26.09.2024 17:20
Сподели

Вашингтон, 26 септември 2024 (МИА) – Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател, Доналд Трамп, повторно го нападна украинскиот претседател, Володимир Зеленски, затоа што не преговара со Русија за завршување на војната во Украина, тврдејќи дека дури и „најлошиот договор“ би бил подобар од сегашното ниво на смрт и уништување.

Зборувајќи на предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп рече дека Украина никогаш нема да може да ги замени своите „многу мртви луѓе“, како и местата и градовите што се уништени во војната.

-Тие градови повеќе не постојат. Тие ги нема, а ние продолжуваме да му даваме милијарди долари на човекот кој одби да се договори, на Зеленски, им рече Трамп на приврзаниците, пренесе Ал Џезира.

Банер Банер BrandEcho

„Имате земја која е уништена, не е можно да се врати. Ќе бидат потребни стотици години за да се обнови…“

-И да направеа лош договор, ќе беше многу подобро, рече Трамп.

„Малку ќе се откажеа и сите ќе живееја и секоја зграда ќе беше изградена и секоја кула ќе остареше уште 2.000 години“, додаде тој.

Трамп, исто така, го нападна Зеленски за интервјуто објавено во Њујоркер, во кое украинскиот лидер рече дека републиканскиот кандидат „навистина не знае како да ја запре војната дури и ако мисли дека може“.

Коментарите на Трамп, кои ја одбележаа неговата најексплицитна критика кон украинскиот лидер и неговото справување со војната досега, дојдоа неколку часа откако Зеленски ги повика светските лидери да не се согласат на „затишје“ во конфликтот наместо на „вистински, праведен мир. ”

Зеленски вчера упати повик за солидарност од говорницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк додека се обидуваше да обезбеди поддршка за неговата „мировна формула“ од 2022 година, која повикува на протерување на сите руски сили од Украина.

Трамп во неколку наврати тврдеше дека доколку е претседател на САД веднаш ќе ја заврши војната, но никогаш не даде доволно детали за неговото тврдење.

За време на интервјуто за подкастот кај Лекс Фридман претходно овој месец, Трамп рече дека има „многу специфичен план“ за решавање на конфликтот, но не можеше да открие детали.

Од Сашко Димевски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Русија тврди дека ЕУ планира немири во Србија

Силен земјотрес од 6,9 по Ритер ја погоди Јапонија

Хрватска на врвот на економскиот раст во ЕУ

Трамп коментира за инцидентот со руски беспилотници во Полска

Црна Гора на патот кон нови нафтени откритија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Кризата со возачи во Хрватска: Потребни се итни решенија

Свет

Мексико испраќа хуманитарна помош за Куба: Силна поддршка во време на криза

Свет

Зеленски: За да се одбрани од Русија на Украина и треба армија од околу еден милион војници

Свет

Папата Лео XIV повикува на дијалог наместо војна

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?