Уапсен жител на Тетово – се возел со црвени таблички и флешери како полиција

Полицијата уапси 56-годишен тетовец кој се движел со „мерцедес“ со преправени регистарски таблички и вградени флешери. Инцидентот се случил на 25 септември 2025 година околу 16:40 часот, кога полициски службеници од Полициското одделение Теарце го запреле возилото.

Возачот, идентификуван како Р.Љ. од Тетово, бил приведен поради сторени повеќе сообраќајни прекршоци – по член 139 точка 11 и член 36 точка 5 од Законот за возила, како и по член 225 точка 9 од Законот за безбедност на патниот сообраќај.

Од него биле одземени регистарските таблички кои биле обоени со црвена боја, како и нелегално вградените светлосни сигнали – флешери.

По документирањето на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава