Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Унгарија најави блокада на исплатите од ЕПФ се додека Киев не дозволи транзит на нафта на „Лукоил“ преку „Дружба“

24.07.2024 10:11
Сподели

Брисел, 24 јули 2024 (МИА) – Унгарија ќе го блокира повратот на средства од Европската Унија за земјите членки кои и дистрибуира воена опрема на Украина, се додека Киев не дозволи транзит на нафта од руската компанија „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“ што минува низ украинска територија, најави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Додека Украина не го реши ова прашање сите нека заборават на исплатата на компензацијата од 6,5 милијарди евра од Европскиот мировен фонд (ЕПФ) за трансфери на оружје, изјави Сијарто

Унгарија и Словачка во понеделникот побараа од Европската комисија да посредува во „процедурата за консултации со Украина“, откако Киев ја додаде „Лукоил“ на нејзината листа на санкционирани, што опфати и прекин на испораките на нафта од руската компанија за двете земји.

Ad image

Портпаролот на Европската комисија за земјоделство и трговија Олоф Гил вчера потврди дека извршниот потпретседател на ЕУ задолжен за економија во интерес на луѓето Валдис Домбровскис примил заедничко писмо од министрите за надворешни работи на Словачка и Унгарија во кое се наведени последиците од украинската одлука за прекин на снабдувањето со нафта од „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“.

Банер Банер BrandEcho

– Во моментов ја проучуваме содржината на писмото и разгледуваме повеќе информации, пред да донесеме одлука, рече Гил, додавајќи дека засега нема директно влијание врз снабдувањето со нафта на ЕУ од прекинот на дистрибуцијата на нафта од „Лукоил“ преку украинска територија, но дека ситуација се следи во рамки на Групата за нафтена координација.

Тој информира дека ЕК е во контакт со владите на Словачка и Унгарија, како и на Украина, но нагласи дека при ваквиот тип на процедури, само ЕУ претставувана од Комисијата, а не и одделни земји членки, може да иницира некакви мерки или постапки.

Словачка и Унгарија уште минатата недела соопштија дека престанале да добиваат нафта од „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“. Унгарија од „Лукоил“ добива околу два милиони метрички тони нафта годишно, што претставува околу една третина од вкупниот нафтен увоз на земјата.

Нафтоводот „Дружба“, со вкупна должина од околу 4000 километри, е изграден кон средината на 60-те години на минатиот век со цел да дистрибуира нафта од тогашниот Советски Сојуз до државите од социјалистичкиот блок во Источна Европа. Нафтоводот продолжи да функционира и по распадот на советскиот блок, но и по руската инвазија врз Украина, и покрај одлуката на ЕУ за намалување на зависноста на нејзините земји членки од енергенси од Русија.

Преку нафтоводот „Дружба“ транзитираат околу половина од вкупните испораки на нафта на „Лукоил“, од кои целосно зависат рафинериите на унгарската енергетска компанија МОЛ во Унгарија и Словачка.

Сијарто во понеделникот во Брисел, каде присуствуваше на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ, најави дека Унгарија и Словачка и даваат на Европската комисија рок од три дена да одговори на нивното барање и доколку „консултативната процедура“ не даде резултати тие ќе го покренат прашањето пред „меѓународен суд по нивни избор“.

Инаку, Европскиот мировен фонд (ЕПФ), кој е формиран во 2021 година, функционира како шема за поврат на средства за членките на ЕУ за дистрибуција на воена опрема во други земји. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, земјите членки на ЕУ кои му испорачаа оружје и муниција на Киев може да побараат исплата на компензација од Фондот за испораките. Унгарија повеќе од една година ја блокира исплатата на следната транша од средствата од ЕПФ, образложувајќи ја својата постапка со различни причини.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Хаос во Торино: 15.000 на улица, над 100 полицајци повредени

СЗО: Два милиона луѓе гладуваат во Појасот Газа

САД и Русија пред нов договор за нуклеарното оружје: часовникот отчукува, New START истекува за неколку дена

Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“

Јапонија нема да учествува на конференцијата на ОН за забрана на нуклеарното оружје

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Спречен потенцијален тероризам: Планиран напад на божиќен саем во Германија

Австралија во пламен: Рекордни температури предизвикуваат хаос

Свет

Солидарноста во акција: Мексико испорачува 1,193 тони храна за Куба

Свет

Полска и Франција ќе потпишат пакт

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?