(ВИДЕО) 40 мртви и над 100 повредени во терористичкиот напад во Русија

Над 40 лица се убиени, а над 100 се повредени во терористички напад кој се случил вечерва во концертната сала „Крокус Сити“ во близина на рускиот главен град, Москва.

Руските медиуми пренесуваат дека до нападот дошло откако четири маскирани лица со автоматски влегле во салата и започнале да пукаат.

„Руското министерство за надворешни работи прима повици од целиот свет од обични граѓани кои изразуваат сочувство во врска со страшната трагедија во Крокус сити хол и зборови со остра осуда на овој крвав терористички напад кој се случува пред очите на целиот свет“, напиша Захарова по нападот на својот канал Телеграм.

Акцијата за спасување се’ уште трае.

Сподели ја оваа објава