(ВИДЕО) Над 20 тони вода исфрлени во напорите за гасење на пожарот кај Папрадиште

Денеска (07.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот кој избувна вчера во реонот на селата Папрадиште и Ореше. Во 11 циклуси беа исфрлени над 20 тони вода, со што беа локализирани дел од жариштата.

Врз истиот пожар дејствуваше и хеликоптерот Х225 од Српското министерство за внатрешни работи, со што е спречено пожарот да се развие кон с.Папрадиште.

ФОТО/ВИДЕО: МВР

Сподели ја оваа објава