ВИДЕО ШТО ЈА ВОЗНЕМИРИ ЈАВНОСТА Федерален агент застрела жена среде улица (ВИДЕО)

Федерален агент на Службата за имиграција и царинска контрола застрела и уби жена среде улица во Минеаполис за време на имиграциска операција, предизвикувајќи жестоки реакции и обвинувања за злоупотреба на сила.

Федералните власти тврдат дека жената се обидела со возилото да ги прегази агентите, но локалната полиција и градоначалникот велат дека видео-снимка ги побива тие наводи. Според официјалните информации, жртвата била бела жена на средна возраст и не била цел на никаква истрага.

На снимката што кружи на социјалните мрежи се гледа како агенти опкружуваат џип, му наредуваат на возачот да излезе, по што возилото се поместува, а еден од агентите испукува три куршуми. Жената умира на лице место откако автомобилот удира во паркирано возило и столб.

Федералната служба тврди дека станува збор за „одбранбени истрели“, но градоначалникот Џејкоб Фреј јавно го отфрли тој наратив.

„Ова не е самоодбрана – ова е несовесна употреба на моќ што заврши со смрт. Ова е убиство,“ изјави Фреј, додавајќи дека присуството на федералните агенти создава хаос, страв и недоверба во градот.

Локалните власти побараа федералните имиграциски служби да се повлечат од Минеаполис, порачувајќи дека нивните акции директно ги загрозуваат животите на граѓаните.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава