Полициски службеници ноќеска спречија обид за илегален излез од државата во близина на Граничен премин Богородица, при што беа приведени седум странски државјани.
Инцидентот се случил околу 02:00 часот, кога лицата се обиделе нелегално да ја преминат границата. Според информациите од полицијата, станува збор за пет лица од Пакистан и двајца државјани на Индија.
По извршените проверки во оперативната евиденција било утврдено дека сите претходно легално влегле во државата преку Меѓународен аеродром Скопје, по што се обиделе да ја напуштат земјата по нерегуларен пат.
Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно законските прописи.


