Во Делчево се палат свеќи за Стивен Ивановски кој загина во пожарот во Кран-Монтана

По неколкудневна потрага и неизвесност, семејството на Стивен доби трагична потврда за неговата судбина. Потрагата го опфати целокупниот регион, вклучувајќи болници во Швајцарија, Франција и Италија. Министерството за надворешни работи претходно објави дека македонската амбасада активно работела на случајот и била во редовна комуникација со семејството и швајцарските власти.

Во негова чест во Делчево, од каде потекнува Ивановски, жителите се организираа и на летната сцена во Градскиот парк се оддава почит.

Нека почива во мир и длабоко сочувство до семејството Ивановски од редакцијата на Македонија Денес.

Сподели ја оваа објава