Во Нигерија киднапирани 20 студенти

Лагос, 17 август 2024 (МИА) – Вооружени напаѓачи пред два дена киднапираа најмалку 20 студенти во нигериската држава Бену, соопшти денеска полицијата.

Киднапираните студентите по медицина и стоматологија патувале на конвенција во југоисточната нигериска држава Енуга.

Киднапирањата и барањето за откуп се чести посебно во северниот дел на Нигерија, а безбедносните сили не се во состојба да се справат со таквата појава.

Од Марина Илиевска/МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава