Во Скопје пријавена уцена врз малолетничка со експлицитни фотографии

Во СВР Скопје е пријавен случај на уцена врз малолетничка, при што, според пријавата, малолетно лице ѝ се заканувало со објавување експлицитни фотографии.

Како што информира полицијата, на 21 април 2026 година во 19:40 часот, 48-годишен скопјанец пријавил дека неговата малолетна ќерка била уценувана од малолетник со кого претходно била во врска.

Според пријавеното, тој ѝ се заканувал дека, доколку не ја продолжи врската со него, ќе објави експлицитни фотографии од неа.

За случајот е известен јавен обвинител, а надлежните институции преземаат мерки за негово целосно расчистување.

Сподели ја оваа објава