Во војната во Газа за една година најмалку 42.065 починати, 55 во последните 24 часа

Газа, 10 октомври 2024 (МИА) – Во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври загинаа најмалку 42.065 Палестинци, а беа повредени 97.886, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

Најмалку 55 Палестинци се убиени во изминатите 24 часа, се вели во соопштението на Министерството, кое е под контрола на палестинското исламистичко движење Хамас.

Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на Хамас извршија напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година. Во нападот, стотици Израелци беа убиени, а многу луѓе беа земени како заложници и однесени во Газа.

Од Пандорка Арсовска-Гацова/МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава