Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Магазин

За викендов закажана „свадбата на годината“ во Индија

11.07.2024 13:25
Сподели

Мумбај, 11 јyли 2024 (МИА) – По четири месеци раскошни настани што водеа до она што според многумина и го надминува епитетот „свадба на годината“ во Индија, се очекува прославите да кулминираат овој викенд. Се работи за венчавката на Анант Амбани (29) – најмладиот син на претседателот на „Релајанс индустрис“, Мукеш Амбани, и Радика Мерчант – ќерка на фармаколошките тајкуни Вирен и Шајла Мерчант.

Тоа не е ништо помалку од кралска венчавка, според колумнистката Шоба Де.

– Нашите милијардери се новите индиски махараџи. Нивните соработници не очекуваат ништо помалку од мега-екстраваганција. Индијците отсекогаш ги сакале помпезноста и раскошот – исто како и Британците… А, скалилото (на венчавката) е во согласност со богатството на Амбани, вели таа.

Банер Банер BrandEcho

Но, колку што свадбата предизвика позитивен интерес во Индија и во светот, толку има и гнев поради сиот тој покажан раскош во земја каде што десетици милиони живеат под прагот на сиромаштијата и каде што нееднаквоста во приходите е екстремна, пишува „Би-би-си“.

Инаку, прославите почнаа во март, кога младата индиска двојка имаше тридневна забава во градот Јамнагар на западот на Индија, каде што присуствуваа околу 1.200 високи гости, меѓу кои Марк Цукерберг и Бил Гејтс. Светлосното шоу со 5.500 беспилотни летала го осветли небото над тн. „Стаклена палата“ – специјално направена по нарачка за свеченостите, каде што настапи познатата пејачка Ријана.

Потоа, на почетокот на јуни, парот одржа и четиридневно викенд-крстарење по Средоземноморјето, со повеќе застанувања низ Европа. Освен пријателите и семејството, во патувањето уживаа и ѕвезди од Боливуд, а настапи имаа Кејти Пери, „Бекстрит бојс“ и оперскиот певец Андреа Бочели.

Оваа недела се случи уште еден претсвадбен спектакл на „домашниот терен“ на семејството Амбани, т.е. во Мумбаи, каде што беше ангажиран Џастин Бибер. Видеото на коешто тој пее на работ од сцената заедно со невестата и нејзините пријатели е прегледано 38 милиони пати.

Семејството Амбани не откриваат колку сѐ тоа чини вкупно, но тамошните медиуми проценуваат дека веќе се потрошени меѓу 11 и 13 милијарди рупии (околу 120 – 144 милиони евра). Според гласините, на Ријана ѝ биле платени седум милиони долари (речиси 6,5 милиони евра) за нејзиниот настап, а Џастин Бибер наводно чинел 10 милиони долари (9,23 милиони евра).

Од Слободан Иванов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
NEW
Планирани прекини на електрична енергија
Приказ на планирани и непланирани прекини на електрична енергија
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Volkswagen повлекува над 16.000 возила поради безбедносен ризик – совозачкото седиште под знак прашалник

Најавена преработка на „Пирати од Карибите“

Еволуцијата на Грција на една слика

Ferrari повлекува 552 возила од моделот Purosangue во САД поради потенцијален проблем со сопирачките

Вселенскиот Патријарх: „Младите да создаваат духовна интелигенција“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Семејство и деца

Тие ме раскинаа на две

Религија

Најпосле дозвола за богослужба во Манастирот на Пресвета Богородица (Сумела) во Понт

Автомобилизам

BMW драстично ги намалува цени за 31 модел во Кина: Што стои зад оваа стратегија?

Волф: Мерцедес ќе се обиде да се врати на Големата награда на Саудиска Арабија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?