Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Заседание на ЕП: Меѓу темите за дебати – кризата на Блискиот Исток, унгарското претседавање, Шенген зоната и Фронтекс

08.10.2024 08:30
Сподели

Брисел, 8 октомври 2024 (МИА) – Во Стразбур оваа недела се одржува пленарно заседание на Европскиот парламент, на кое претпладнево се предвидени дебати за претстојниот Самит на Европската Унија, како и за ескалацијата на насилството на Блискиот Исток и ситуацијата во Либан, на која ќе присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

На расправата за Самитот на ЕУ, што треба да се одржи на 17 и 18 октомври во Брисел, се очекува пратениците да говорат за приоритети што според нив треба да се најдат на дневниот ред на средбата на европските лидери, меѓу кои и руската агресија врз Украина, подобрување на конкурентноста на европската економија, реакцијата на ЕУ на последните настани на Блискиот Исток, како и справувањето со миграцијата.

Во дебатата со Борел, по темата за ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, европратениците ќе расправаат и за случувањата со „поткопувањето на демократијата“ во Грузија, руските обиди за мешање во претседателските избори во Молдавија, како и за ситуацијата во Судан. Од овие дебати треба да произлезат резолуции за Грузија и за Молдавија, за чие усвојување пратениците треба да гласаат утре.

Банер Банер BrandEcho

Попладнево тема за расправа пред Европарламентот ќе бидат предизвиците со кои се соочува автомобилскиот сектор во ЕУ и како мерките што би требало да се преземат за зајакнување на конкурентноста на европската автомобилска индустрија. По дебатата ќе биде подготвена резолуцијата, која ќе биде ставена на гласање на следното заседание на ЕП.

На денешното попладневно продолжение на заседанието предвидена е дебата и за состојба на здравјето на животните во Европа, како и за потребните мерки за спречување на евентуална санитарна криза во земјоделството во иднина.

Ad image

За утре претпладне е предвиден централниот настан на оваа заседание – дебатата на европратениците со унгарскиот премиер Виктор Орбан посветена на приоритетите на претседавањето на Унгарија со ЕУ. Оваа дебата требаше да се одржи на минатото заседание на ЕП кон средината на септември, но беше одложена на барање на Орбан поради поплавите што во тој период ја погодија Унгарија.

Во попладневните часови е предвидено Европарламентот да расправа за управувањето со надворешните граници на Европа и за улогата на Агенцијата за гранична и крајбрежна контрола на ЕУ (Фронтекс), а ќе се одржи и дебата со претставници на Еврокомисијата за поттик на јавните и приватните инвестиции за обезбедување пристојни и достапни домови во ЕУ.

Во продолжение на утрешното заседание, предвидена е тематска дебата за можноста за дополнително оданочување на најбогатите како еден од начините за обезбедување средства за справување со сиромаштијата и намалување на економската нееднаквост во ЕУ, по што европратениците ќе расправаат и за Годишниот извештај за владеење на правото за 2024 година, за борбата против нарко криминалот, последиците од дрогата по европските граѓани и потребата за ефективен европски одговор за справувањето со нив, за потребата од ревизија на регулативата на ЕУ за медицински помагала, како и за случаи на прекршување на човековите права и принципите на демократијата и владеењето на правото во Турција, Кина и Ирак и за начините за спречување на користењето средства од европските фондови за финансирање на субјекти или поединци поврзани со терористички или исламистички движења.

За в четврток е предвидено заседание на Конференцијата на претседателите, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, на кој се очекува усвојување на деталниот план, со датуми и сатници, за сослушувањата на кандидатите за еврокомесари, кои треба да започнат на 4 ноември.

Овонеделното парламентарно заседание започна синоќа со воведно обраќање на Мецола по повод годишнината од терористичките напади на Хамас врз Израел, што се случија на 7 октомври 2023 година и кои предизвикаа војна во Газа и ескалација на тензиите на Блискиот Исток. Во продолжение на синоќешното заседание, европратениците дебатираа и за повторно воведување на контроли на внатрешните граници меѓу голем број земји членки на ЕУ и нивните импликации врз Шенген зоната, за борбата против родово базираното насилство во Европа, за справувањето со лажните вести, популизмот и дезинформациите и важноста на јавните радиодифузни сервиси, медиумскиот плурализам и независното новинарство, како и за потребните мерки за справување со последиците од климатските промени, како што беа пожарите во Јужна Европа годинава.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонски филмови
Гледајте македонски филмови на едно место.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Мелони: Се согласувам со Маск, Сорос се меша во внатрешните работи на други држави

Голем скок на трговијата во 2025: Србија продава повеќе, но и купува повеќе

Велика Британија ги укинува студентските визи за ученици од Мјанмар, Авганистан, Камерун и Судан

Урсула фон дер Лајен: Русија работи на мое отстранување од функцијата!

Нова ера на поврзување: Подгорица и Загреб добиваат редовна авионска линија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Данска се подготвува за парламентарни избори: Кој ќе победи на 24-ти март?

Свет

ЕК би можела да ја тужи Унгарија поради Законот за забрана на паради на гордоста

Свет

Во Париз почнува самит за иднината на вештачката интелигенција

Свет

Хил: Србија јасно се врти кон Запад

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?