Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македониум

Човекот зад „Македонско девојче“ – 26 години без Јонче Христовски, легендата што не се заборава

15.04.2026 06:48
Сподели

Поминаа 26 години од смртта на легендарниот македонски пејач, композитор и текстописец Јонче Христовски – уметник кој остави неизбришлива трага во македонската музичка историја.

Роден во Битола во 1931 година, Христовски беше еден од најпрепознатливите интерпретатори на македонската народна песна. Со својот уникатен стил и силна емоција во изведбите, успеа да ја доближи македонската песна до публиката не само дома, туку и ширум светот.

Неговото име засекогаш ќе остане поврзано со безвременската „Македонско девојче“, песна која доби бројни препеви на повеќе светски јазици и стана симбол на македонскиот мелос.

Банер

Во неговиот богат опус се вбројуваат и песни како „Животе мој“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“, како и патриотските „Едно име имаме“, „Ој, Вардаре македонски“ и „Мој роден крај“, кои и денес живеат меѓу народот.

Христовски беше дел и од ансамблот „Танец“, каде што, покрај пејач, се истакна и како играорец и кореограф. Неговото влијание во македонската култура се чувствува и преку телевизиските проекти, меѓу кои и легендарната серија „Распеани градови“.

Неговиот живот бил обележан и со лична трагедија – загубата на сопругата во катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, на која ѝ ја посветил емотивната песна „Животе мој“.

И денес, повеќе од две децении по неговата смрт, песните на Јонче Христовски остануваат дел од колективната меморија и идентитет на македонскиот народ.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

На денешен ден Григор Прличев ја доби наградата за „Сердарот“

На денешен ден 1903 година напишан бил „Крушевскиот манифест“

150 години од раѓањето на човекот кој живееше и умре за Македонија – Вечна слава на Димо Хаџи Димов

Ја напиша првата македонска граматика – 115 години од раѓањето на Круме Кепески

59 години од смртта на Стале Попов

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Во сеќавање на Ангел Динев – починал на денешен ден 1952 година (ВИДЕО)

Македониум

82 година од смртта на Никола Парапунов – симболот на партизанското движење во Пиринска Македонија

Македониум

Славко Јаневски – писателот што го отвори патот на современиот македонски роман

Македониум

38 години без Драган Ѓаконовски – Шпато

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?