Александар Трајановски со поддршка од четири партии – влегува во трката за градоначалник на Скопје

Александар Трајановски официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори. Тој ќе настапи со поддршка од коалицијата составена од ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.

Трајановски веќе осум години е активен член на Советот на Град Скопје, а зад себе, како што истакнува, има бројни иницијативи, предлози и соработка со над 30 европски градови. „Денес сум подготвен да понудам конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија“, изјави тој преку социјалните мрежи.

На листата за советници како прво име се појавува поранешниот градоначалник Ристо Пенов, за кого Трајановски нагласи дека е „човек кој веќе оставил длабок белег на овој град“.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава