Без име и презиме – нема инспекција: нови правила на АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги извести граѓаните и компаниите дека инспекциски надзор ќе се спроведува само по уредно поднесени иницијативи со целосни податоци за подносителот.

Новата пракса произлегува од член 62 став 3 од Законот за инспекциски надзор, кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година.

Претставките може да се поднесат:

  • преку контакт формата на веб-страницата на АХВ,
  • по електронска пошта,
  • лично во подрачните единици на Агенцијата.

За да биде прифатена, иницијативата задолжително треба да содржи:

  • назив на инспекцијата
  • име и презиме и адреса на подносителот (или податоци за правното лице)
  • краток опис на повредата
  • податоци за субјектот за кој се бара надзор

Од АХВ појаснуваат дека нецелосните или нејасните претставки ќе бидат вратени на дополнување, а доколку тоа не се направи во рок од седум дена – ќе се смета дека се повлечени.

Со новото законско решение се укинува можноста за постапување по анонимни пријави, што досега често се користеше како механизам за пријавување неправилности без откривање на идентитетот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава