Без вода дел од Скопје – дефект кај касарна „Илинден“

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска (19.02.2026) поради два улични дефекти на водоводна мрежа со пречник ф-200 и ф-250 мм на улицата „Македонско Косовска Бригада“, во близина на касарната „Илинден“, ќе има прекин во водоснабдувањето.

Без вода ќе останат корисниците на дел од оваа улица, како и објектот на касарната.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до целосно завршување на санацијата на дефектите.

Од претпријатието информираат дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на проблемот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава