Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Религија

Бигорски Манастир со соопштение по повод неделата на Св. Григориј Палама

05.03.2026 22:20
Сподели

Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението на Бигорскиот Манастир.

Contents
– сабота, 7 март 2026 –– недела, 8 март 2026 –▶ Случајно видео

Почитувани верници,

Свештениот манастир на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица ја има честа и оваа година да ве покани заедно да го прославиме празникот на големиот поборник за верата Христова и наш небесен застапник – Свети Григориј Палама, како и да присуствувате на еден значаен настан за целиот крај – осветување на новиот манастирски конак.

– сабота, 7 март 2026 –

❈ Во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои Неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј.

– недела, 8 март 2026 –

❈ Следниот ден, недела во 07:30 часот ќе започне Утрената богослужба.

❈ Во 08:45 пречек на Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и потоа почеток на Божествената архиерејска Василиева Литургија. Со светата Литургија ќе чиноначалствува митрополитот г. Георгиј, во сослужение со старецот и игумен епископ г. Партениј, и браќата свештенослужители.

По завршетокот на Божествената Литургија ќе биде благословен и прекршен празничниот колач, а потоа ќе биде извршен чинот на осветување на новиот манастирски конак, наменет за потребите на сестринство на манастирот и на неговата благородна мисија. Темелите на овој конак беа поставени и осветени во 2016 година, на земјиште што манастирот со голем труд го откупи и го употреби за проширување на манастирскиот комплекс.

Благослов да присуствуваат имаат сите кои сакаат заедно со нашето братство и сестринство да му оддадат чест и да упатат молитви кон проповедникот на благодатта, свети Григориј Палама. Богослужбите ќе се отслужат во храмот на свети Георгиј Победоносец.

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Чудотворноста на Манастирот Св. Марена

Соопштение за празникот Успение на Пресвета Богородица

Вселенската патријаршија со апел до египетската Влада да го зачува статусот кво на Синајскиот манастир Света Катерина

Денес го славиме Преподобниот Онуфрије Велики

Високи гости од дипломатскиот кор на посета во Бигорскиот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Религија

Соопштение за типикот на вечерната богослужба за Прочка

Религија

Свечената литургија во манастирот Сумела во Турција за утрешниот празникот Успение на Богородица ќе се одржи на 23 август

Религија

Дали знаете зошто Божиќ ќе се слави на 8 јануари?

Религија

Епископ Марко богослужеше во делчевското село Габрово за празникот Прочка

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?