Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Култура и наука

Бигорски повторно домаќин на детската светска ликовна колонија – „Мал Битолски Монмартр“

29.05.2025 16:39
ФОТО: bigorski.org.mk
Сподели

Во благодатната светлина на попразненство на Воскресението Христово, а под синиот покров на мајското небо, и оваа година древниот Бигорски Манастир беше преобразен во тивка, вдaхновена уметничка сцена, благодарение на уникатната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“. Светилиштето на Свети Јован Крстител, по благослов на нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, ги отвори широко врати за новата генерација млади уметници, дојдени од различни делови на светот, за да го претворат манастирскиот двор во жив мозаик на боја, младешка радост и културно единство.

Оваа уметничка манифестација е организирана од претседателката на оваа меѓународна детска ликовна колонија, Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на УО на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Славчо Неделковски.

Во рамките на 44. издание на оваа меѓународна ликовна манифестација, во Бигорски пристигнаа 150 гости – ученици, професори и родители – во состав од 18 делегации, претставници од 17 земји: Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Индија, Израел, Малезија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Русија и два региона од Турција – Трабзон и Кајсери. Иако оваа година беа оправдано отсутни делегациите од Кина, Јапонија, Грција и Португалија, нивниот дух беше чувствуван преку изложените дела и спомените од претходните учества.

Банер Банер BrandEcho

Во ова прекрасно уметничко утро, манастирскиот двор заживеа со стотина штафелаи, четки и платна, додека децата – со својот чувствителен поглед и радосно срце – ги доловуваа на платно духовната убавина и архитектонското достоинство на Светиот Манастир. Секоја цртеж носеше печат на автентично доживување, пренесено преку бои и линии, преку личната имагинација на младите творци.

По неколкучасовна посветена работа и тивко вдахновение, жирито го избра најдоброто од создаденото. Сите цртежи, без исклучок, зрачеа со сопствена убавина и оригиналност, и оставија длабок впечаток со искреноста и свежината на детскиот израз. Иако не можеа сите да бидат наградени, секое дело беше доживеано како сведоштво за креативност и љубов кон уметноста. Победници на денот беа:

 

Ајшенур Карадениз, од Трабзон – Турција

Маркета Хејлова, од Плзен – Чешка

Мериам Арнаутска, од Софија – Бугарија

Онур Мете Јузук, од Кајсери – Турција

 

Нивните дела беа оценети како највпечатливи по оригиналност, зрелост на ликовниот израз и префинето чувство за просторот и формата, со особено внимание на индивидуалниот уметнички напредок и чувствителноста кон архитектонската тематика.

Со оваа уметничка средба, Бигорскиот Манастир уште еднаш посведочи дека е не само духовно прибежиште, туку и светилник на културна размена, креативност и братска љубов меѓу народите. Колонијата „Мал Битолски Монмартр“ во Бигорски е место каде младите срца се издигнуваат кон светлина преку благословот на уметноста.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Промоција на монографија НУУБ “Св. Климент Охридски” (1945-2025)

Промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“

Фестивалот Македокс: Презентација на инспиративни документарни филмови

Ласло Краснахоркаи: Генијот зад апокалиптичната литература добитник на Нобелова награда

Фестивал на грчки филм во Скопје и Битола

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Култура и наука

Во 2023 издадени 451.000 дозволи за престој во ЕУ на истражувачи и студенти од странство

Култура и наука

Промоција на книгата „Насекаде“ од епископ Дремвитски Давид

Култура и наука

23 декември: Самостојна изложба на визуелниот уметник Иван Кал’чев – „Суисеки“

Култура и наука

„БОШ 2025“: Современата уметност ја окупираше Гевгелија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?