Четворица турски државјани приведени во Скопје – дрога, нож и боксирач пронајдени при контрола

Раната утринска полициска акција во скопското село Љубин заврши со приведување на четворица турски државјани, кај кои биле пронајдени дрога и опасни предмети.

Како што информираат од СВР Скопје, денеска околу 05:00 часот полициски службеници ги лишиле од слобода лицата Ј.У.С. (23), О.Т.С. (19), О.Т. (18) и У.А.Е. (18), сите од Република Турција.

При извршената контрола, кај едно од лицата биле пронајдени кокаин и марихуана, додека кај друго биле одземени метален боксирач и нож.

Според полицијата, дел од осомничените се обиделе да избегаат со патничко возило откако ги забележале службениците, но брзо биле спречени и приведени.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава