Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Останати спортови

Четврто Европско првенство во низа за Македонија!

18.08.2025 13:57
Сподели

Четврто Европско првенство во низа за машката сениорска репрезентација на Македонија! Континуитетот на континенталните натпреварувања националниот тим го обезбеди во последното коло од квалификациите за ЕвроВолеј 2026, синоќа, со победата од 3:0 (25:13, 25:16, 25:17) над Грузија во одлична атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонија поради подобриот поен количник ги остави зад себе Австрија и Норвешка и како една од петте најдобро второпласирани репрезентации во групите се најде на Европското првенство следната година.

Во клучниот натпревар синоќа со поддршката од своите навивачи македонските одбојкари покажаа карактер, квалитет и голема желба да го продолжат успехот на оваа генерација, која испишува нова страница од репрезентативната историја.

Банер Банер BrandEcho

Капитенот Никола Ѓоргиев го предводеше тимот со 17 поени, Филип Савовски постигна девет, додека Александар Љафтов и Владо Милев реализираа по осум поени.

Министерството за спорт ќе го награди националниот тим со три милиони денари за пласманот на Европското првенство 2026, со кое македонската одбојка го задржува своето место на европската мапа.

Македонија претходно настапуваше и на ЕП во 2019, 2021 и 2023 кога го постигна и најголемиот успех со пласманот во осминафиналето.

Пласман на ЕП 2026 по комплетирањето на квалификациите обезбедија Данска, Белгија, Чешка, Естонија, Швајцарија, Грција и Словачка како првопласирани во групите, додека Македонија, Летонија, Турција, Израел и Шведска се петте најдобри второпласирани селекции.

Европското првенство ќе се одржи од 9 до 27 септември 2026 година во Италија, Финска, Бугарија и Романија.

Извор:vfmkd.org.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Македонските одбојкари и одбојкарки ги дознаа противниците во евроквалификациите

Македонија противниците на ЕП 2026 ќе ги добие во октомври во Бари

Ѓоковиќ за скандалозната одлука на судијата во Синсинати: Срамота е што немаме видео реприза на вакви ситуации

Светската одбојкарска круна за Италија

Ѓоковиќ собори уште еден рекорд – најстариот „број еден“ во историјата на тенисот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Останати спортови

Миленкоски „Со полна сала на победа против Грузија“

Волф: Мерцедес ќе се обиде да се врати на Големата награда на Саудиска Арабија

Останати спортови

Историски успех: Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути

Алкараз по поразот од Ѓоковиќ: Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?