Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Цената на нафтата во пораст по слабеењето на доларот и одлуките на Трамп за увозни царини

23.01.2025 00:10
Сподели

Вашингтон, 22 јануари 2025 (МИА) – Цените на нафтата денеска се во благ пораст по новите податоци за резервите во САД и можноста за воведување увозни царини од страна на претседателот Доналд Трамп, како и потенцијалното влијание на вонредната состојба во енергетскиот сектор прогласена од него веднаш по инаугурацијата.

По отворањето на берзите денеска цената на нафтата од марката Брент порасна до 77,16 долари за барел, додека на WTI се зголеми до 75,64 долари за барел.

-Нафтата добива поддршка од малото слабеење на доларот, како и од позитивниот ризик од растот на берзите, рече Џовани Стауново од банката „Ју-Би-Ес“ (UBS), пренесoa дел од американските медиуми.

Банер Банер BrandEcho

-Цените неделава најверојатно ќе бидат повишени и од очекувањата за намалување на резервите на нафта во САД. Движењата на пазарот се умерени, бидејќи учесниците очекуваат поголема јасност за следните чекори на Трамп во врска со тарифите и санкциската политика, додаде тој.

Трамп вчера изјави дека неговата администрација разговара за воведување царини од 10 отсто за увезените производи од Кина, почнувајќи од 1 февруари – истиот ден кога, според неговите претходни изјави, е предвидено евентуално воведување на 25 отсто тарифи за Мексико и Канада.

Тој исто така вети воведување увозни царини за стоки од Европа, но не даде детали за тоа.

-Вниманието на нафтениот пазар постепено се префрла од американските санкции против Русија кон можната трговска политика на претседателот Трамп, истакнаа аналитичарите од „Ај-Ен-Џи“ (ING), додавајќи дека енергетскиот сектор е под притисок поради растечката закана од тарифи.

Истовремено, претседателот на САД изјави дека неговата администрација веројатно ќе ги прекине набавките на нафта од Венецуела, еден од најголемите снабдувачи на нафта во САД.

Аналитичарите на „Морган Стенли“ (Morgan Stanley) во соопштение до клиентите истакнаа дека енергетската иницијатива на Трамп нема да доведе до непосредно зголемување на инвестициите или промена на темпото на раст на производството во САД. Тие забележаа дека иницијативата може да го ублажи евентуалното намалување на побарувачката на нафтени деривати.

Меѓутоа, производството на нафта во американската сојузна држава Северна Дакота се намали за 130.000 – 160.000 барели дневно поради екстремно студеното време и поврзаните оперативни тешкотии, соопштија синоќа од Управата за нафтоводи на САД.

Од Борис Камчев, САД/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Русија планира изградба на 38 нуклеарни реактори во следните две децении

Еквадор го прогласи кубански амбасадор за непожелен

Протестите пред фабриката Тигар завршени: Работниците добија плати, но стравот останува

Истражување: 74 отсто од граѓаните веруваат дека нивната земја има корист од членството во ЕУ

Михаел Мартенс: Германија не е виновна за распадот на Југославија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Северна Кореја и Русија: Воено братство кое не познава граници

Трамп вети дека ќе објави документи за атентатот врз Кенеди

Свет

Полска и Франција ќе потпишат пакт

Балкан

Санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија повторно одложени

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?