Денеска симулациона вежба на Меѓународниот Аеродром Скопје

ФОТО: skp.airports.com.mk

МВР објави известување со кое ги известува граѓаните дека денес, 09.03.2025 (недела) на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одржи симулациска вежба за вонредни состојби во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија.

„Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир.“ стои во соопштението.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава