Електро-енергетскиот картел во Македонија и цените на струјата!

ФОТО: Родина

До Родина Македонија пристигнуваат се повеќе реакции од македонскиот народ за високите сметки за струјата, посебно последните две сметки, каде имаме големо покачување.

Народот реагира дека и до 30% се повисоки сметките во однос на истиот месец лани.

Па би сакале да ја прашаме Владата на „Вашата земја“:

На толку инвестици во мали хидроелектрани, инвестиции во соларни паркови каде се добива БЕСПЛАТНА енергија од сонцето, како е возможно од цела таа бесплатна струја, цената која ја плаќа народот и претпријатијата да е се повисока?

До кога оваа држава и народ ќе бидат предмет на ограбување од страна на домашни и меѓународни картели за енергија, телекомуникации, енергенси, прехрана, и друго?

Повеќето електроенергетски објекти во Република Македонија, се извинуваме – „Вашата земја“, се изградени од македонскиот народ, следствено на тоа тој треба да плаќа субвенционирана сметка за струја.

Или оваа држава е само држава на партијата на власт, а ние останатите ги плаќаме сите ваши развратни однесувања?

Извор: Родина

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава