Џеј Пи Морган: Ризикот од глобална рецесија се зголеми на 60 проценти

Њујорк, 4 април 2025 (МИА) – Инвестициската банка Џеј Пи Морган пред денешното отворање на американските берзи соопшти дека сега проценува 60 отсто ризик глобалната економија да влезе во рецесија до крајот на годината.

Ова е значително зголемување во однос на претходната проценка од 40 отсто, која банката ја презентираше на 12 март.

– Дестабилизирачките политики на САД со месеци се препознаваат како најголем ризик за глобалната перспектива, изјави Брус Касман, главен економист и раководител на глобалните економски истражувања во Џеј Пи Морган, во изјава за Блумберг.

– Најновите вести само ги зајакнуваат нашите стравови бидејќи американската трговска политика се развива во насока што е значително понеповолна за деловниот сектор отколку што очекувавме, додаде тој.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава