Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина

24.05.2025 22:26
Сподели

Вашингтон, 24 мај 2025 (МИА) – И покрај бавниот напредок на фронтот и големите загуби, претседателот на Русија, Владимир Путин е цврсто уверен дека ќе победи во војната во Украина, се наведува во најновиот извештај на американската Одбранбена разузнавачка агенција (ДИА).

Според ДИА, Кремљ продолжува со стратегијата на исцрпување, чија цел е да го ослабне украинскиот отпор, да го деморализира населението и чека да ослабне западната поддршка за Украина. Иако напредокот на руската армија е бавен, за военото раководство во Москва таквото темпо е прифатливо.

– Путин е речиси сигурно посветен на победа во Украина, а неговите цели остануваат во голема мера непроменети од почетокот на инвазијата: неутралност на Украина и понатамошна поделба на украинската држава. Доколку не се постигне мировен договор, ситуацијата на бојното поле годинава веројатно ќе продолжи да биде во корист на Русија, иако рускиот напредок забавува и е проследен со големи загуби на човечка сила и опрема, се наведува во извештајот.

Банер Банер BrandEcho

Според американски податоци, Русија, од почетокот на инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година, изгуби над 700.000 војници, од кои 170.000 загинаа. Изгуби повеќе од 10.000 парчиња воена оперма од кои 3.000 тенкови, како и околу 250 воени авиони и хеликоптери.

– Иако Путин и неговите команданти веројатно би претпочитале побрзи успеси, тие се чини дека се задоволни со моменталното темпо и цената на напредокот. Тие пресметуваат дека можат да ги исцрпат ресурсите и моралот на Украина и да ја надминат поддршката на Западот за Киев, истакнува ДИА.

Руските сили продолжуваат полека да напредуваат во источна Украина, поддржани од илјадници странски војници. Во Курската област распоредени се повеќе од 10.000 севернокорејски војници.

– Русија интензивно користи дронови камикази и ракети со долг дострел за да ја погоди клучната инфраструктура на Украина, со цел да го скрши отпорот и волјата на народот, се наведува во извештајот.

Според процените на ДИА, Путин не се откажува од планот да наметне неутрален статус на Украина по војната, да ги ограничи нејзините воени капацитети и да земе делови од територијата.

Извештајот за Русија  е дел од анализата на ДИА за глобалните закани во 2025 година, во кој се анализираат и Северна Кореја, Кина, Иран и други држави.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Руски воздухопловни сили уништуваа 41 украински дрон во текот на ноќта

Трамп: „Можеме да ја преземеме Иранската нафта од Хург“

НАТО: Русија нема право да одлучува за Украина

Полска бара од Германија компензација за воените штети

Војници од повеќе европски земји пристигнуваат на Гренланд – напнатоста продолжува

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

САД предлага план за завршување на конфликтот со Иран

Свет

Биткоинот за првпат го надмина прагот од 95.000 долари

Балкан

Скандал во прифатен центар – азилантка тврди дека била силувана од обезбедување

Балкан

ЕУ ја прекина финансиската поддршка за Србија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?