Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Евробарометар: Поддршката на Европејците на ЕУ и еврото на рекордни нивоа

30.05.2025 00:45
Сподели

Брисел, 28 мај 2025 (МИА) – Вкупно 52 отсто од Европејците имаат доверба во ЕУ, што е највисоко ниво во последните 18 години, а 74 проценти го поддржуваат еврото, што е досега највисока регистрирана поддршка за заедничката европска валута, покажуваат денеска објавените резултати од најновото истражување на Евробарометар.

– Во сегашниот геополитички контекст, Европејците би сакале да видат посилна ЕУ преку заедничка политика за одбраната и безбедноста, додека мирот останува вредност што најдобро ја претставува ЕУ, се наведува во анализата од истражувањето на Евробарометар.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, анкетата покажува највисоко ниво на доверба во ЕУ од 2007 година од страна на Европејците од 52 проценти, додека кај младите на возраст од 15 до 24 години таа стапка достигнува 59 отсто.

Банер Банер BrandEcho

Во Еврокомисијата доверба имаат, исто така, 52 отсто од анектираните, што е значително повисоко ниво на поддршка во однос на националните институции. Така, во владите во нивните матични земји доверба имаат 36 отсто од Европејците, а во националните парламенти – 37 проценти.

Дури 75 отсто од анкетираните изјавиле дека се чувствуваат како граѓани на ЕУ, што е највисоко ниво во последните повеќе од две децении, а 62 проценти од нив се оптимисти за иднината на Унијата.

Поддршка на еврото изразуваат рекордни 74 отсто од граѓаните на цела ЕУ, додека само на ниво на Еврозоната таа доверба е уште поголема и изнесува 83 проценти.

Кога станува збор за перцепцијата за состојбата на европската економија, 44 проценти од Европејците сметаат дека таа е „добра“, а 48 отсто дека е „лоша“. Само 43 отсто од анектираните веруваат дека европската економска состојба ќе остане стабилна и во следните 12 месеци.

Сепак, 69 проценти од анкетираните сметаат дека Европската Унија е „место на стабилност во еден проблематичен свет“, а 88 отсто се за поголема соработка меѓу земјите и регионите во светот заснована на правила.

Дури 86 проценти од Европејците се на ставот дека зголемувањето на царините е штетно за глобалната економија, а 80 отсто се согласуваат дека ЕУ треба да воведе реципрочни царини за одбрана на своите интереси.

Заедничката одбранбена и безбедносна политика на ЕУ ја поддржуваат 81 отсто од анкетираните, што е највисока стапка од  2004 година, додека 78 проценти изразуваат загриженост за одбраната и безбедноста на ЕУ во следните пет години.

Кога станува збор за приоритетите за буџетот на ЕУ, 43 отсто европските граѓани би сакале најголем дел од него да оди за трошоци за одбраната и безбедноста, 42 за вработување, социјална заштита и здравство, а 34 проценти за образование, млади, култура и медиуми.

Според 39 отсто од Европејците, на среден рок ЕУ треба да се насочи на безбедноста и одбраната, според 29 на зајакнување на одбраната, а по според 24 проценти на миграцијата и на заштитата на климата и животната средина.

Кога станува збор за тоа што би имало најголемо позитивно влијание врз нивниот живот на краток рок, 44 отсто од анкетираните се определиле за обезбедувањето мир и стабилност, 27 проценти за обезбедување храна и здравствена заштита, а 26 отсто за повеќе можности за вработување.

На прашањето која вредност најдобро ја претставува ЕУ, 41 отсто се изјасниле за мирот, 33 за демократијата, а 28 проценти за почитувањето владеењето на правото, демократијата и основните права.

Дури 80 проценти од Европејците сметаат дека ЕУ треба да ги прифати лицата кои бегаат од војна, 76 отсто ја поддржуваат финансиска и хуманитарна поддршка за Украина, а 59 проценти се согласуваат со европско финансирање на набавката и снабдувањето со воена опрема за земјата.

Во врска со надворешно-политичките приоритети на ЕУ, за 27 отсто од анкетираните тоа е руската инвазија врз Украина, по што следуваат меѓународната ситуација со 24 и безбедноста и одбраната со 20 проценти. Дури, 77 отсто од анектираните Европејци сметаат дека руската инвазија врз Украина претставува закана за безбедноста на ЕУ.

Анкетата е спроведена во периодот од 26 март и 22 април 2025 година и со неа биле опфатени 26.368 граѓани на земјите членки на ЕУ, на девет од десетте кандидати и потенцијални кандидати за членство (сите освен Украина) и на Велика Британија.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Холандија побара да ја напушти заедничката регулатива на ЕУ за азил

Силните дождови предизвикаа катастрофални поплави во Шпанија

ИДФ: Во Бејрут убиен командантот на Хезболах задолжен за комункации, Мухамед Рашид Сакафи

Захарова: Киев го саботира процесот на размена на воени заробеници

Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Царините на Трамп предизвикаа „хаос“, повеќе од 50 земји бараат преговори со Белата куќа

Свет

Обединетите Нации на помош: План за енергетска кризна ситуација во Куба

Свет

Трамп и рударството на ретките минерали во Гренланд: Загуба или добивка за локалното население?

Балкан

Словенија го зголеми минималецот на 1000 евра

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?