Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Европската комисија предложи царини од 25 отсто за американски производи како одговор на мерките на Трамп

08.04.2025 07:35
Сподели

Брисел, 7 април 2025 (МИА) – Европската комисија предложи воведување на одмазднички царини од 25 отсто за низа американски производи како одговор на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум, јави Ројтерс повикувајќи се на документ до кој добила пристап агенцијата, пренесува БТА.

Според документот, дел од царините ќе стапат во сила на 16 мај, а остатокот на 1 декември.

Списокот на производи опфатени со мерката е разновиден и вклучува дијаманти, јајца, колбаси, живинско месо и други производи. Царините за бадеми и соја ќе се применуваат од декември.

Банер

Еврокомесарот за трговија, Марош Шефчович, претходно денеска изјави дека предложените контрамерки ќе имаат помало економско влијание од првично проценетата вредност од 26 милијарди евра (28,45 милијарди долари).

Од почетниот список се отстранети бурбон, вино и млечни производи. Комисијата во март разгледуваше можност за 50 отсто царина на американскиот бурбон, што доведе до закана од Трамп за воведување на 200 отсто одмазднички царини на алкохолни пијалаци од ЕУ — закана што особено ги загрижи Франција и Италија поради нивната силна винска индустрија.

Покрај новите мерки, ЕУ од 1 април ги зајакна постојните заштитни мерки за челик, со цел да го намали увозот за 15 отсто, а разгледува и можност за квоти на увоз на алуминиум.

Земјите-членки на ЕУ треба да гласаат по предлогот на 9 април.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„Пропуштена шанса за мир“: Лавров за ситуацијата во Украина

Австралија со план за домашно производство на проектили

Макрон: Русија сè поотворено се обидува да ја дестабилизира Молдавија

Извештај: Бугарија спроведе само седум од 28-те антикорупциски препораки на Советот на Европа

Раст на просечната нето плата во Црна Гора достигна 1.014 евра

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Два мажи задржани во Загреб: Фалсификувале пари за такси услуги

Свет

Руски војник осуден на доживотен затвор за воен злостор во Украина

Зеленски: Русија продолжува со насилство, потребни се нови санкции

Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?