Карго авион со ознаки 4X-EKZ предмалку го напушти македонскиот воздушен прост и продолжи да лета кон Израел. Се работи за карго авион кој полетал во 11:16 часот по локално време од Франкфурт, а се очекува да слета во Тел Авив во 15:54 часот по локално време. Карго авионот е од марката Boeing 737-86N(BCF) и засега не е познато што превезува и претставува првиот директен лет од Германија кон Израел од почетокот на нападот кон Иран пред неколку денови.
Изминатите 24 часа неколку карго авиони слетаа во Израел, а шпекулациите се дека станува збор за авиони со воена помош наменета за Израел.



