Голема полициска акција во Скопје: Над 5 кг марихуана во автомобил

ФОТО: МВР

Полициски службеници од СВР Скопје, од Единицата за недозволена трговија, привеле 31-годишен маж од Куманово, кај кого била пронајдена поголема количина наркотична дрога.

Настанот се случил на 23 јануари 2026 година, околу 14:00 часот, на булеварот „Јадранска магистрала“ во Скопје. Полициските службеници запреле патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б. (31).

При извршениот преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени и одземени повеќе од пет килограми марихуана.

Возачот бил лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава