Дваесет и тригодишен скопјанец беше приведен доцна синоќа по полициска акција во централното градско подрачје, при што во неговиот дом биле пронајдени дрога, оружје и други сомнителни предмети.
Како што информира Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија, полициски службеници од СВР Скопје околу 22:50 часот го лишиле од слобода Ѓ.С. (23) од Скопје.
При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом на подрачјето на Центар, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, како и пари и други предмети поврзани со истрагата.
Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен кривичен поднесок.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


