Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Фридом хаус: 55 режими користат ограничувања за патување за критичарите на политиката

Сподели

Вашингтон, 22 август 2024 (МИА) – Најмалку 55 влади ширум светот користат ограничувања за патување како дел од нивната репресивна тактика против перцепираните политички противници, се вели во извештај на Фридом хаус објавен денеска.

Одземањето државјанството, наметнувањето забрани за патување, одземањето пасоши и одбивањето на конзуларни услуги се меѓу методите што ги користат авторитарните режими за ограничување на слободата на движење на луѓето што се смета за закана, според Фридом Хаус.

Извештајот е составен делумно врз основа на интервјуа со 31 лице од Белорусија, Индија, Никарагва, Руанда и Саудиска Арабија кои „искусиле контрола на мобилноста од прва рака“, соопшти Фридом Хаус.

- Advertisement -

Владите наведени во извештајот користат барем еден од тие четири методи како одмазда за политички активизам или несогласување, рече американската непрофитна организација посветена на промовирање на демократијата.

„Авторитарите бараат какви било можни средства да ги одвратат перцепираните противници да зборуваат“, рече Никол Бибинс Седака, привремена претседателка на Фридом Хаус.

„Без поголема свест и заеднички напори од страна на меѓународната заедница за справување со ограничувањата на движењето, политичкото затворање и транснационалната репресија, употребата на овие тактики за притискање на несогласувањето и кршење на основните права само ќе расте“, рече Седака.

Еден од најпознатите примери беше атентатот во октомври 2018 година на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги, кој беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул кога отишол да ги земе документите потребни за неговиот брак со неговата турска свршеница.

Фридом хаус, исто така, ја наведе депортацијата на Никарагва на 222 политички затвореници во САД во 2023 година, чие државјанство потоа беше одземено.

Од Златко Шумковски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трагедија на политички собир во Индија: Загинаа 40 лица, тројца обвинети

ЕУ лидерите поддржуваат напори за мир – планиран самит Трамп-Путин-Зеленски

РУСИЈА ДЕМОНСТРИРА ВОЕНА МОЌ Над 1,000 нови воени технологии тестирани во 2025 година

Зеленски: Операцијата во Курск има за цел создавање тампон-зона

Хунтата во Буркина Фасо ги повика граѓаните да пријават сомнителни лица

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Доналд Трамп воведува санкции врз Меѓународниот кривичен суд

Свет

Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук

Свет

Тинејџер доживеал срцев удар во теретана, персоналот не знаел како да реагира

Балкан

Украинец се претставувал за лекар и изнудувал пари од семејства во Хрватска!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?