Хрватски Индекс прашува – „Како оваа дупка воопшто можело да работи?“

Втор ден неверување и тага по вчерашниот немил настан. Покрај Македонија тагува и се солидаризира и регионот. Медиумите во Србија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Грција и останатите балкански и европски земји известувааат во живо од Кочани и Скопје.

Во своите објави сите се запрашуваат како е можно да се организираат музички настани во таков објект. Хрватски Индекс кој важи за еден од најчитаните медиуми во земјата објави статија насловена „Како е можно оваа дупка да работи? „Дозволите се фалсификувани“.

Во текстот се пишува за местоположбата, но и состојбата на самата дискотека која не ги задоволува минималните услови. „Се поставува прашањето како оваа компанија продавала влезници, но и пијалоци на присутните во клубот“ меѓудругото пишува Индекс наведувајќи дека компанијата сопственик ММММ кафе ДООЕЛ работела со блокирана сметка.

Целосниот текст на хрватски Индекс можете да го прочитате ТУКА.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава