Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

Истражување: Во Кина 86 отсто од германските компании се погодени од ескалацијата на трговската војна

26.04.2025 00:10
Сподели

Берлин, 23 април 2025 (МИА) – Ескалирачкиот трговски спор меѓу САД и Кина се повеќе ги погодува германските компании кои работат во Кина, се наведува во студијата објавена од Германската стопанска комора (ГТЦ) во Пекинг, јави ДПА.

Според истражувањето, 86 отсто од анкетираните компании се изјасниле дека биле засегнати од тарифите. Максимилијан Бутек, извршен директор и член на одборот на East China Railway Co., Ltd., ја нарече ситуацијата „загрижувачка“, велејќи дека спорот најверојатно ќе ги забрза напорите за локализација на германските компании.

Во истражувањето, спроведено помеѓу 14. и 17 април, 38 отсто од компаниите посочуваат дека планираат побрзо да се локализираат во Кина како еден од нивните главни одговори на напнатоста. Во истражувањето учествувале вкупно 143 компании.

Банер

Компаниите од автомобилскиот сектор, 93 проценти, велат дека тарифите влијаеле на нивниот бизнис во Кина. Половина од нив, исто така, соопштија дека биле погодени од американските извозни контроли.

Извршниот директор на „Фолксваген“, Оливер Блуме, пред салонот за автомобили во Шангај изјави дека глобалните трговски бариери се зголемуваат. „Индустријата е на пресвртница“, рече тој, истакнувајќи дека „Фолксваген“ и другите производители на автомобили водат „конструктивни разговори“ со американските власти.

На почетокот на овој месец, Трамп воведе нови царини за повеќе земји, но подоцна ја суспендираше нивната примена на 90 дена. Сепак, специјалните царини до 145 отсто остануваат на сила за кинеските стоки. Пекинг возврати со царини до 125 отсто за американските производи и го ограничи извозот на клучните минерали.

Од Пандорка Арсовска-Гацова Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонски филмови
Гледајте македонски филмови на едно место.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Intel на крстопат: Рекорди и разочарувања во светот на чипови

Toyota поставува нови стандарди со рекордна глобална продажба

Скромен раст од 0,1%: економијата на Обединетото Кралство стагнира, но владата уверува – следува подобрување

Глобалната продажба на полупроводници може да достигне една билион долари до 2026 година

Германскиот пазар на труд во стагнација

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Рускиот берзански пазар бележи значителен пораст

Бизнис и Економија

Тајван одбива да пренесе 40% од производството на чипови во САД

Бизнис и Економија

Инфлацијата во Турција се намали на 61,78 отсто

Бизнис и Економија

Македонската економија ја држат мали фирми: 81% од компаниите имаат до 9 вработени

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?