Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Претставници на Кина, Русија и Иран разговараа со МААЕ за иранската нуклеарна програма

25.04.2025 22:38
ФОТО: mos.ru
Сподели

Пекинг, 25 април 2025 (МИА) – Претставници на Кина, Русија и Иран денес се сретнаа со претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за да разговараат за нуклеарната програма на Иран, јави Ксинхуа.

Средбата на трите земји со претставниците на МААЕ и генералниот директор на агенцијата следеше откако шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, претходно неделава го посети Пекинг.

На состанокот се разговараше за суштинската улога на МААЕ во процесот на политичко и дипломатско решавање на прашањето за нуклеарната програма на Иран, при што Кина изрази поддршка за дијалогот на Иран со сите актери, вклучително и САД, соопшти кинеската агенција.

Ad image

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, претходно изјави дека Русија ја поздравува желбата на САД и Иран да постигнат договор за нуклеарната програма на Иран и е подготвена да го олесни процесот на преговори меѓу земјите, но преговорите мора да ги земат предвид легитимните интереси на Техеран.

Банер Банер BrandEcho

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека дијалогот меѓу Иран, Русија и Кина за различни прашања, особено проблемот со нуклеарната програма на Иран, е неопходен за да се обезбеди стабилност во целиот регион на Блискиот Исток.

Шефот на иранската дипломатија претходно изјави дека директните разговори со САД за нуклеарниот договор во моментов не се можни поради санкциите и политиката на максимален притисок што ја води Вашингтон.

-Иран не е подготвен да преговара за своето право да збогатува ураниум, рече Абас Аракчи, додавајќи дека неговата земја е подготвена да изгради доверба во врска со евентуалната загриженост за иранското збогатување ураниум, но „за принципот на збогатување не може да се преговара“, рече Аракчи.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Михал: Естонија ќе ја поддржува Украина до победа

Просечната плата 1.437 евра – дали Хрватите навистина живеат подобро?

Судот во САД ја прогласи политиката на Трамп за депортации во трети земји за незаконска

Земјотрес од 4,6 степени ја тресеше Грција, почувствуван и во Албанија

ОН: 280.000 раселени во борбите во Сирија од 27 ноември

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Обама задоволен од падот на Орбан

Свет

Граѓаните на ЕУ најчесто иницираат петиции за животната средина, внатрешниот пазар и основните права

Балкан

Грција и Египет формираа Висок совет за соработка

Свет

Кризата во Мадагаскар: Обидот за државен удар открива нови политички тензиции

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?