Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Во 33 општини денес се одржува вториот круг од локалните избори во Македонија

02.11.2025 07:36
Сподели

Во вкупно 33 општини низ Македонија, меѓу кои и Градот Скопје, денеска се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници за нов четиригодишен мандат. Гласањето започна утрово во 7 часот, а ќе трае до 19 часот, по што Државната изборна комисија ќе го започне процесот на пребројување и објавување на резултатите.

Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Вториот круг се одржува во општините каде што во првиот круг ниту еден кандидат не успеа да освои повеќе од 50 проценти од гласовите, односно потребното мнозинство за победа. На гласачките ливчиња денес се наоѓаат двајцата најдобропласирани кандидати од првиот круг.

Градоначалници денес се избираат во Скопје, Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево и Шуто Оризари.

Банер Банер BrandEcho

Во Шуто Оризари, покрај гласањето за градоначалник, се спроведува и прегласување за советници на три избирачки места, поради нерегуларности утврдени од Државната изборна комисија. Како што соопшти ДИК, оваа одлука е донесена бидејќи резултатите од овие избирачки места може да влијаат врз конечната распределба на мандатите во Советот.

Вториот круг од овие локални избори е обележан со слаба родова застапеност – само три жени се кандидирани за градоначалничка функција, што претставува 2,2 проценти од вкупниот број кандидати. На овие избори се натпреваруваа 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени, што претставува 10,35 проценти. Во 16 општини и Градот Скопје во првиот круг имаше само по една жена кандидат.

Изборниот ден, според најавите на надлежните институции, засега минува мирно и без поголеми инциденти. Резултатите од гласањето ќе почнат да пристигнуваат по затворањето на избирачките места, а првичните проекции се очекуваат вечерва.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Билатерална средба помеѓу Спасовски и Бала во Тирана

Кривична пријава против две лица за примање поткуп за болничко згрижување на лице

Пороен дожд проследен со слаб град во Делчевско

ТРИ ИНЦИДЕНТИ ПОВРЗАНИ СО ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИ Фалсификати, напади и оштетено возило

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Стејт департментот годинава ги изостави правата на Македонците во Бугарија од извештајот за човекови права

Македонија

ДСЗИ: Од понеделник во градинка деца со три дози вакцини против пертусис

Локално

Гевгелија: Во тек е изградбата на улицата „Новопланирана 7“

Хроника

Поднесено обвинение за обид за братоубиство во Скопје

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?