Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Јакимовски: Од блокирана сметка до финансиски стабилна општина со рекорден приход

07.11.2025 16:08
Сподели

Стевчо Јакимовски, на својата последна прес-конференција пред официјално заминување од функцијата истакна дека општината од „длабоко загубена“ ја оставил во стабилна финансиска состојба со значителен раст на приходите.

„Кога стапив на функција на 4 ноември 2021 година, од мојот претходник наследив блокирана сметка од 330 милиони денари и дополнителна блокада од УЈП од 39 милиони денари, односно вкупно 369 милиони денари. Да потсетам, тогашниот буџет на општината во 2020 година изнесуваше 363 милиони денари, што значи дека долгот бил повисок од целокупните приходи“, изјави Јакимовски.

Тој нагласи дека по четири години работа, општината денес има 72 милиони денари на жиро-сметка, со измирени сите тековни обврски и редовно сервисирани судски пресуди.

Банер Банер BrandEcho

Според Јакимовски, Општина Карпош денес бележи историски раст на приходите.
„До денес приходите изнесуваат 700 милиони денари, а до крајот на годината се очекува да достигнат речиси 800 милиони. Тоа значи дека презедов општина со околу 6 милиони евра приход и 6,5 милиони евра долг, а ја оставам со 13 милиони евра приход“, истакна тој.

Во однос на градежната активност, Јакимовски нагласи дека за време на неговиот мандат Карпош избегнал „бетонска експлозија“.
„Во моментот во Карпош се градат само една висококатница, два објекта во Момин Поток и три помали згради од по пет ката. За разлика од тоа, во други општини во Скопје во изградба се над 80 згради повисоки од шест ката“, посочи тој.

Поранешниот градоначалник изјави дека успешното менаџирање на приходите и покачувањето на даночните стапки ја направиле општината „самоодржлив проект“, додавајќи дека стабилизацијата на финансиската состојба е доказ за одговорно управување со јавните средства.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

84 години од штрајкот на велешките гимназијалци

Лажна дојава за бомба во авион на скопскиот аеродром, летовите повторно во нормала

Без вода дел од Карпош

Кривична пријава за двајца тинејџери по инцидент со полицијата во струшко

Полицајка осомничена дека оддавала службени тајни – открила акција со дрон

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Панел – дискусија под наслов “Учам за подобра иднина” во ООУ “Христијан Карпош”

Хроника

Поднесено обвинение за демнење во Крушево

Македонија

Скандал: 85 деца во автобус за 48 – плус расипани кочници!

Македонија

Возел пијан како никогаш досега – удрил во БМВ па полицијата го приведе на лице место

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?