Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

КАРПОШАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ МЛАДИНСКИ И РЕСУРСЕН ЦЕНТАР

06.02.2026 15:11
Сподели
Советот на Општина Карпош заседаваше по осми пат, каде советниците разгледуваа 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока поддршка доби Одлуката со која Општина Карпош отстапува дел од спортската сала „Партизан“ која е во нејзино владеење, на времено користење од 3 години без надоместок, за намена Младински центар – Карпош. Оттука, Општината во претстојниот период ќе распише јавен повик за избор на младинска организација, која ќе раководи со младинскиот центар. На тој начин локалната самоуправа ќе овозможи простор со големина од 270 м2 за младите лица на возраст од 15 до 29 години, каде ќе се јакнат нивните индивидуалните вештини за вработување, преку организирање на креативни работилници и други техники за унапредување на формалното и неформалното образование.

Со мнозинство гласови, членовите на Советот ја поддржаа и Одлуката за едногодишно отстапување на простор во спортската сала „Партизан“, во чии рамки ќе функционира канцеларија на Ресурсниот центар – Карпош. И за оваа намена Општина Карпош ќе објави Јавен повик за невладини организации и граѓански здруженија, кои би биле дел од Ресурсниот центар. Основната дејност на Центарот ќе биде здружено делување преку вмрежување и аплицирање на проекти кои би биле од нивни интерес, како и од интерес на локалната самоуправа и на граѓаните. Поддршка доби и Предлог – Одлуката со која Општината ќе му отстапи на Црвениот Крст на Град Скопје, просторија во салата „Партизан“ која ќе може да ја користи до една година, без никаков надоместок. На таа локација,  Црвениот Крст на Град Скопје ќе ја реализира услугата ,,Помош и нега во домот “.

Советниците го изгласаа Решението со кое ќе се формира Комисијата за изработка, следење и спроведување на едногодишни Акциони планови за спроведување на мерки и активности дефинирани со Локалниот Еколошки Акционен План  – (ЛЕАП 3). Во комисијата ќе членуваат градоначалникот Сотир Лукровски и петорица претставници од општинската администрација, а со ова тело ќе раководи првиот човек на локалната самоуправа. Во тој контекст, Комисијата е должна да ја следи имплементацијата на ЛЕАП 3 за општина Карпош и да предлага промени во локалниот акционен план и за тоа еднаш годишно да го известува органот на управата, надлежен за работите од областа на животната средина.

Советот даде „зелено светло“ за Одлуката со која се воспоставува меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје, за вршење на  стручно-административни работи од областа на инспекцијата, во делот на донесување и спроведување на актите за отстранување на бесправно изградените објекти на територија на локалната самоуправа. Имено, Град Скопје во остварувањето на оваа едногодишна соработка ќе учествува со обезбедување на финансиски средства за отстранување на бесправно изградените објекти, при што работите ќе ги изведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје.

Со истата динамика беше изгласана и Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Oпштинa Карпош, за вршење на стручно-административни работи и издавање на одобренија за поставување на урбана опрема и одобренија за вршење дејност, надвор од деловен простор. Во случајов, поконкретно  ќе бидат уредени прашањата, а особено начинот и условите за вршење на стручно-административните работи и издавање на одобренија за поставување на комунална, монтажно-демонтажна, рекламно-информативна и комерцијално-угостителска урбана опрема, како и издавање на одобренија за вршење на следниве дејности:

– угостителска, трговска и занаетчиска дејност надвор од деловен простор, на подрачјето на локалната самоуправа, од страна на Град Скопје во име и за сметка на Општина Карпош;

– начинот и условите на распределба на средства од комуналната такса;

-времетраењето на вршењето на заедничката надлежност (меѓуопштинска соработка);

– начинот и условите за престанок на договорот, како и

– други прашања од интерес на заедничкото вршење на заедничката надлежност.

Со поддршка на Советот беа определени членови на Одборите за соработка и доверба со јавноста на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, или поточно на Факултетот за електротехника и информациски технологии, како и на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Советниците постигнаа консензус околу Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на еднократна парична помош која ќе им биде потребна на карпошани, за лекување и за покривање на други трошоци на граѓаните кои влегуваат во социјално-ризична категорија. Со заедничка одлука беа именувани деветмина советници од Општина Карпош и тројца претставници од администрацијата, кои ќе бидат составен дел на Комисијата за доделување на еднократна парична помош (за лекување и социјален ризик), за 2026 година.

Едногласно беа прифатени Одлуките за уредување на почетокот и завршетокот на работното време, на детските градинки на територија на општина Карпош. Исто така беа изгласани Одлуките за формирање на Комисиите за прием и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во сите детски градинки на територија на Карпош.

 

Извор:karpos.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Жена од Берово под истрага поради нелегално оружје

Маскенбал 2026: Улиците на Неготино се исполнија со боја и креативност

Крива Паланка на нозе за почиста иднина: Шестата еколошка акција „Генералка Викенд“

Без вода корисниците на ул. „Букурешка“

Известување до граѓаните – Јавна консултација за регионалниот систем за управување со отпад

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Земјоделците во фокус: Кичево домаќин на трибина за руралниот развој

Локално

11 ноември: Балетски концерт „Моќта на танцовата уметност“

Локално

Ѓорче Петров: Темелни контроли на угостителските објекти

Локално

На Пониква се одржува едукативен камп по информатика

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?