Карванот на безбедност во сообраќајот на РСБСП и МВР овој викенд во Дојран

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внаррешни работи и полициските службеници од ОВР Гевгелија, како и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот од Гевгелија – во рамки на кампањата „Безбедно во лето #ВозиОдморен“ реализираа превентивно-едукативни активности како дел од Карванот на безбедност во сообраќајот.

Настаните се реализираа на Граничниот премин Дојран и во центарот на Дојран, каде со возачите и другите учесници во сообраќајот беа споделени корисни совети и препораки за важноста на редовното одморање при долги патувања, како и почитување на законските обврски, правилата и прописите за безбедно учество во сообраќајот. Дел од учесниците во сообраќајот имаа можност да користат т.н. „пијани очила“ – специјално едукативно средство кое реалистично симулира нарушена рамнотежа, заматен вид и забавени реакции. На овој начин имаа можност одблиску да ја почувствуваат опасноста и негативното влијание што алкохолот го има врз психофизичката состојба на возачот при управување со возило.

Во активностите активно се вклучија и претставници од Црвениот крст – Гевгелија, а во реализацијата на Карванот соработуваа и партнерите: Факултетот за безбедност – Скопје, АМСМ, Македонско радио и ОКТА.
На возачите им укажавме на важноста:

  • да одморат најмалку 15 минути по секои два часа возење,
  • секогаш да користат сигурносен појас,
  • да не користат мобилен телефон додека управуваат со возило,
  • и да бидат свесни за сериозните ризици од управување со возило под дејство на алкохол.

Со овие активности, РСБСП и партнерите ја потврдуваат својата посветеност за унапредување на сообраќајната култура и превенција на сообраќајни незгоди во летниот период.

ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА – ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА!

Извор:rsbsp.org.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава