Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук

19.10.2024 08:43
Сподели

Москва, 18 октомври 2024 (МИА) – Руската агенција за безбедност на храна одби да даде дозвола за увоз на овошје и зеленчук од Казахстан, а аналитичарите велат дека вистинската причина е одбивањето на властите во земјата да се приклучат на БРИКС.

Иако агенцијата соопшти дека одлуката е донесена поради „одбивањето на релевантните власти од Казахстан да обезбедат фитосанитарна безбедност“, овој потег е направен само неколку дена откако властите во Астана одбија да се приклучат на БРИКС.

Инаку, Казахстан е најголемата економија во Централна Азија, а 11 отсто од вкупниот извоз на земјата се „трошат“ за испраќање стоки во Русија, која е нивни трет најголем надворешно трговски партнер.

Банер

Властите во Казахстан го испратија своето одбивање за членство во БРИКС неколку дена пред големиот самит на оваа организација, каде домаќин ќе биде Русија.

-Во моментов и најверојатно во догледна иднина, Казахстан ќе се воздржи од аплицирање за БРИКС, изјави портпаролот на казахстанскиот претседател, Берик Уали, во интервју за локалните медиуми во средата.

Уали додаде дека претседателот Касим-Жомарт Токаев постојано ја нагласувал својата поддршка за Обединетите нации како „универзална и незаменлива меѓународна организација“ и рече дека Советот за безбедност на ОН треба да се реформира за да ги земе предвид интересите на регионалните сили.

Одлуката на Казахстан е удар за рускиот претседател Владимир Путин, кој се обидува да го означи БРИКС како сојуз на „глобалното мнозинство“ и дел од напорите на Москва да го оспори доминантниот Запад и да ги оспори санкциите поврзани со руската агресија врз Украина.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека БРИКС не ги заменува ОН, напротив, „ја надополнува и не се спротивставува на нејзината меѓународна природа“.

-Казахстан е наш пријател, наш стратешки партнер, наш сојузник. Ги цениме нашите односи. Тоа е првата работа. Затоа, се разбира, самиот Казахстан носи одлуки за форматот на своето учество во одредени организации, рече Песков.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Иранските Револуционерни Гарди продолжуваат со нападите на Израел и САД

Просечната плата во Србија ќе достигне 1.700 евра, а пензиите 750 евра

Канцеларот на Германија: Ситуацијата е загрижувачка, не сме ниту во мир, ниту во војна

УНРВА: Палестинци тепани и сексуално злоставувани во израелските затвори

Владата на ФБиХ инвестира 5,3 милиони КМ во развој на туризмот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Унгарија ќе продолжи по својот пат, Брисел не ја разбира реалноста

Балкан

Албанија на пат кон ЕУ: Клучни преговарачки состаноци на 16 септември и 2 октомври

Свет

Захарова: Вучиќ можеше, но не разговараше со Лавров во ОН

Свет

Европа на крстопат: Може ли да се ослободи од зависноста од САД?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?