Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Кина смета дека нејзините воени трошоци се неопходни

26.02.2025 09:14
Сподели

Пекинг, 25 февруари 2025 (МИА) – Кина денеска оцени дека нејзините трошоци за одбрана се „апсолутно неопходни“ по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека го одобрува предлогот на неговиот американски колега Доналд Трамп за преполовување на воените буџети на Москва, Вашингтон и Пекинг.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средината на февруари предложи трите најголеми воени сили во светот да ги намалат воените трошоци за половина и рече дека планира да разговара со Москва и Пекинг откако ќе се решат конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.

Рускиот претседател Путин вчера изјави дека предлогот е „добра идеја“.

Банер Банер BrandEcho

„Можеме да склучиме договор со САД. САД би намалиле за 50 отсто, а ние за 50 отсто. Кина тогаш ќе ни се придружи, доколку сака“, рече Путин во телевизиско интервју, запрашан за воениот буџет на земјата.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан не одговори директно на барањето на новинарот да ги коментира зборовите на рускиот претседател.

„Кина е постојано ангажирана на патот на мирен развој, а нејзините ограничени трошоци за одбрана се апсолутно неопходни за зачувување на нејзиниот суверенитет, нејзината безбедност и нејзините развојни интереси, како и светскиот мир“, рече Џијан на редовната прес-конференција.

„Кина отсекогаш се придржувала до одбранбената стратегија заснована на самоодбрана… и не учествува во никаква трка во вооружување со ниту една земја“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Русија го зголеми својот воен буџет за да ги покрие трошоците за нападот врз Украина започнат пред три години.

САД сè уште се земјата со најголем воен буџет во светот, што минатата година изнесуваше 968 милијарди долари, пред Кина (235 милијарди долари) и Русија (145,9 милијарди долари), покажуваат податоците на Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS) со седиште во Лондон.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Лула предупредува: Американската интервенција во Венецуела може да донесе катастрофа

Во Албанија се зголемува бројот на заразени со коронавирус, најпогодени децата

Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници

Туск: Капитулација под принуда на Украина би значела капитулација на целиот Запад

САД одобрија продажба на воени возила и хеликоптери вредни 5.7 милијарди долари за Израел

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

САД Наредија Евакуација од Ирак: Растечките Тензии со Иран Поттикнуваат Загриженост за Безбедноста

Северна Кореја соопшти дека ќе продолжи да ги зајакнува своите нуклеарни сили

Свет

Молдавија ќе купува американски плин преку Грција

Се зголемуваат загубите на Боинг, 10 отсто од вработените ќе бидат отпуштени

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?