Кривична пријава за 51-годишник од Кратово: возел со фалсификувана возачка дозвола

Против 51-годишен жител на Кратово е поднесена кривична пријава поради сомнение дека користел фалсификувана возачка дозвола.

Како што информира Одделение за внатрешни работи Кратово, пријавата е поднесена против И.М. (51) за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Настанот се случил на 8 ноември минатата година, кога полициски службеници сопреле патничко возило „сеат ибица“ кое го управувал пријавениот. При контролата, тој приложил возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана.

По целосно документирање на случајот, против лицето е поднесен соодветен кривичен поднесок.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава